речник контакт

Форшпед – Форца Волеј 0:3

Скопјанки поведоа со 2:0 во борбата за титулата првак на Македонија. Велешанки разочараа со слабата игра

Петар Печков

  Во борбата за титулата првак на Македонија во женската одбојка, екипата на Форца Волеј поведе со 2:0 против велешки Форшпед. Скопјанки на гостувањето во Велес во салата Гемиџии пред 500 гледачи забележаа максимална победа од 3:0 ( 18, 16, 11). Гостинките лесно за 75 минути ја совладаа екипата на Форшпед,  не оставајќи и ни малку простор за некаква надеж дека домаќинките можат да извлечат поволен резултат.

Со слаб прием и уште послаб смеч, велешанки немаа шанси да ја израдуваат домашната публика. Со оваа победа одбојкарките на Форца Волеј се на чекор од одбраната на титулата,  откако им треба уше една победа, бидејќи се игра на три добиени,  а следната средба се игра в сабота во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »